Повторно бесплатна бања за пензионерите

Следната година дополнителни 5.500 пензионери ќе заминат на бесплатна бања, а 3.000 на бесплатен викенд со проектите на Владата која ги покрива трошоците за таа намена, најави премиерот Никола Груевски.

banja

Следната година дополнителни 5.500 пензионери ќе заминат на бесплатна бања, а 3.000 на бесплатен викенд со проектите на Владата која ги покрива трошоците за таа намена, најави премиерот Никола Груевски.

Со владиниот проект за бесплатна бања, кој почна во 2010 година, како што информира Груевски, досега ваква услуга добиле 32.000 пензионери.

banja– Колку што можам да видам од средбите со нив, но и од прашалниците што ги пополнуваат тие се презадоволни. Оваа година дополнителни 2.400 лица ќе заминат бесплатно во бања, а проектот ќе продолжи веќе следната година со нови 5.500 затоа ќе го продолжиме овој проект кој беше дел од нашата Изборна програма и успешно се реализира, изјави Груевски одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на нов објект на ОУ „Живко Брајковски“ во општина Бутел.

Досега, информира Груевски, со владините проекти над 2.100 пензионери беа на бесплатен викенд.

-Задоволството е големо и таму, пораките од пензионерите што ги поминаа викендите таму се одлични, така што во текот на оваа година планираме дополнителни 900, а од следната година нови 3.000. Проектот се одвива одлично, изјави Груевски.

Двата проекта за пензионерите, потенцира премиерот, се новина во последните години, едниот е од 2010, а другиот е од минатата година, и беше наше изборно ветување на претходните избори. Работите одат добро во овие проекти и тие ќе продолжат и во наредната година, рече Груевски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top