„Деновиве, како по правило, тивко, надвор од очите на јавноста и со заобиколување на секаква постапка за консултација и јавна дебата, направено е уште едно кастрење на работничките права“, велат од левичарското движење Солидарност.
„Деновиве, како по правило, тивко, надвор од очите на јавноста и со заобиколување на секаква постапка за консултација и јавна дебата, направено е уште едно кастрење на работничките права“, велат од левичарското движење Солидарност.
Под изговор за божемно усогласување со прекршочни постапки, во законот за заштита од вознемирување на работно место, познат како закон против мобинг, предвидените високи казни за работодавачите беа намалени за да им биде уште посеедно дали психолошки ги малтретираат работниците во напливот на желбата за богатење.
За време на кратката историја на овој закон донесен во мај 2013 година не видовме ниедна правосилна пресуда во која беше задоволена правдата во корист на жртвата. Законите сами по себе се извор, а само со донесени пресуди тие стануваат правда. Очигледен е напорот законите кои се носат дури и на ниво на потенцијална правда истата да ја релативизираат и да ги обесхрабруваат работниците воопшто да ја бараат.
Оттука овие измени се директен атак на правата на работниците и мотивите заради кои се носат повторно се сведуваат на борба за политички поени врз грбот на работниците.
„Нема да престанеме да ги разоткриваме нечесните постапки и омаловажување на работничката класа.
Будно гледаме како политичарите, докопани до власт лагодно се сместени во капиталистичкиот крој и наместо застапување на интересите на незаштитените и обесправените повеќе им се додворуваат отколку да ги дисциплинираат разузданите и отчовечени работодавачи.
Не можете да ги кратите работничките права, не можете да ги експлоатирате работниците и да сметате на тоа дека работниците нема да дојдат по својата правда!“ велат од „Солидарност“.
Интегрален текст
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град