Сите специјализанти кои во моментот се запишани или во иднина ќе се запишат на приватна специјализација да плаќаат за 20 отсто понизок финансиски надоместок од оној кој досега го плаќале.
Сите специјализанти кои во моментот се запишани или во иднина ќе се запишат на приватна специјализација да плаќаат за 20 отсто понизок финансиски надоместок од оној кој досега го плаќале.
Ова се предвидува со најновите измени на Законот за здравствена заштита, кои беа разгледани на седница на Владата, а за кои во наредниот период ќе се одржи поширока јавна дебата.
Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека оваа законска измена се очекува да стапи во сила до крајот на идниот месец, а е предложена како резултат на дијалогот што Министерството го воспостави во рамки на дискусиите на седниците на Младинскиот здравствен форум, а конкретно беше предложена од страна на Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти.
– За илустрација, ако досега за специјализација од областа на хируршките гранки се плаќаше 1.000 евра по семестар, отсега специјализантите ќе плаќаат 800 евра за семестар, односно вкупниот износ за специјализацијата се намалува од 12.000 евра за целиот период од шест години на 9.600 евра. Во областа на нехируршките гранки, партиципацијата за семестар се намалува од 800 на 640 евра, односно вкупниот износ се намалува од 8.000 евра на 6.400 евра (за специјализација од 5 години односно 10 семестри, нагласи Тодоров.
Дел од овие средства, појасни министерот, се наменети за Медицинскиот факултет (за ментори и коментори), а дел за јавните здравствени установи (за едукатори и други трошоци наменети за јавната здравствена установа).
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град