Под покровителство на УНЕСКО и Регионалното биро за наука и култура во Европа, денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 Февруари.
Под покровителство на УНЕСКО и Регионалното биро за наука и култура во Европа, денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 Февруари.
Заштитата на јазиците во светот, борбата против нивното измумирање и одржувањето на идентитетот на нациите преку јазикот, се клучните цели на манифестациите што денеска ќе бидат организирани во светски рамки.
Мацура порачува јазикот да не биде причина за поделби и непријателства во светот, а Владите во сите земји да обезбедат соживот и почитување меѓу народите кои зборуваат различни јазици.
Според него, поврзаноста на мултијазичното образование во кое спаѓаат мајчиниот јазик, националниот јазик и интернационалните јазици, го прави столбот на секоја издржана развојна стратегија.
Анализите на УНЕСКО покажуваат дека може да исчезнат околу 2.500 јазици од речиси 6.000 што се зборуваат во светот. Во изминатите 90 години исчезнале околу 200 јазици, а 199 ги зборуваат помалку од десет луѓе. Последен што исчезнал е „ајак“, јазик што го зборувала жена која починала лани на Алјаска.
Најголемите причини за исчезнување на јазиците се војните и принудното иселување. Имигрантите исто така го мешаат родниот јазик со јазикот на државата во која престојуваат за да се интегрираат подобро. Сепак, има примери, најмногу во Австралија, каде јазиците кои се „под закана“ ги зборуваат младите лица, вели претсатвник УНЕСКО.
Тринаесет од јазиците што се зборуваат во Франција меѓу кои и бретонскиот и норманскиот, се „под силна закана од исчезнување“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град