Објавен распоредот за екстерно тестирање

Министерството за образование и наука информира дека распоредите за екстерното тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование се објавени на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.

logo

eksternoСекој ученик може да ги погледне датумот и часот кога ќе биде тестиран, додека за наставните предмети ќе биде информиран 3 дена пред датумот на полагањето, исто така преку наведената интернет страница.

Инаку, процесот на екстерната проверка на постигнувањата на учениците и проверка на објективноста на оценувањето на наставниците ќе се реализира во периодот од втори до десетти јуни и ќе опфати вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници.

Јавниот базен со прашања, објавен на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk содржи вкупно 445.700 прашања на македонски, албански, турски и српски јазик по вкупно 7.560 предмети. За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. За предмет застапен со 1 час неделно, генерирани се 100 прашања, за предмет со 2 часа неделно генерирани се 200 прашања, за предмет застапен со 3 часа неделно генерирани се 300 прашања.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top