Избор на нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски

Избор на нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, по вчерашните оставки на министрите Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски.

sobranie

Избор на нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, по вчерашните оставки на министрите Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски.

kandidatiПремиерот Никола Груевски до законодавниот дом синоќа достави предлог за избор на нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, седницата за избор на новите членови на Владата ја закажа за денеска во 13 часот.
За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за министер за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Чавков е актуелен директор во Бирото за јавна безбедност, а Мисајловски е директор на Јавното претпријатие за државни патишта.
Се очекува Собранието да ги констатира оставките на двајцата министри.Новите министри ќе бидат изгласани доколку предлогот биде прифатен од мнозинството пратеници.

На дневен ред на седницата се и финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2015 година, како и годишните извештаи за 2014 година на повеќе институции.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top