Милошоски и Коњановски во посета на Брисел

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и министерот за одбрана, Зоран Коњановски, денеска ја продолжуваат дводневната работна посета на Брисел.

Shefer Milososvski
Шефер Милошовски

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и министерот за одбрана, Зоран Коњановски, денеска ја продолжуваат дводневната работна посета на Брисел.

Во рамките на посетата во седиштето на НАТО во Брисел, министрите денеска ќе имаат средби со генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер и повеќе амбасадори на земјите членки при НАТО, официјално е соопштено.

BriselПриоритетните теми кои ќе доминираат на средбите се актуелните случувања и ставови, поврзани со членството на Македонија во НАТО, учеството на државата во меѓународните мировни мисии и проекциите на реформите во одбраната.

Работната посета на Брисел, Милошоски, ќе ја искористи да оствари и средба со повеќе пратеници во Европскиот парламент.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top