Македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски од денеска до 8. февруари ќе учествува во работата на 45. Минхенска безбедносна конференција.
Македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски од денеска до 8. февруари ќе учествува во работата на 45. Минхенска безбедносна конференција.
На Конференцијата, што се смета за најпрестижен светски безбедносен форум, традиционално учествуваат претседатели на држави и влади, министри за надворешни работи, за одбрана, членови на парламенти и други високи претставници на меѓународни организации, истакнати фондации и невладини организации.
Приоритетните теми во дискусиите на годинешната Конференција се безбедносните ризици и предизвиците со кои се соочува Европа, неширење на оружјето за масовно уништување, како и на иднината на НАТО, со посебен осврт на продлабочувањето и развојот на евро- атлантските односи.
Според најавите, на маргините на Конференцијата, македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски се очекува да оствари одвоени средби со министрите за надворешни работи на Словачка, Чешка и Литванија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град