Препораки за заштита на населението од поплавените региони

Препораките се однесуваат на заштита од заразни болести кои се пренесуваат преку храната и водата за пиење.

imot
imot

Препораките се однесуваат на заштита од заразни болести кои се пренесуваат преку храната и водата за пиење.

-Да се следат информациите за водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење.

-За пиење, за подготовка на храна и за одржување на лична хигиена, да се користи само пакувана вода или вода за пиење од цистерни која ја доставуваат јавните водоснабдителни претпријатија.

vrekji– Резервите вода наменети за употреба задолжително да се превријат најмалку 15 минути.

-Водата да се хлорира на соодветен начин, или од страна на стручно лице.

-Заматената вода да не се користи за пиење и за готвење, се до потврда на нејзината безбедност со лабораториска анализа.

-Ако водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводида се изврши превентивна дезинфекција на водата.

-По контакт со водата од поплавата или со предметите кои биле поплавени, задолжително измијте ги и дезинфицирајте ги рацете.

-Заштитете ја готовата храна да не дојде во контакт со водата од поплавата или со отпадните води.

-Храната која била во контакт со водата од поплаватада не се користи за исхрана, туку да се фрли.Да се дезинфицираат сите работни површини, приборот за готвење и јадење.

-Храната да се подготвува со безбедна вода, задолжително термички да се обработи на температура повисока од 70 степени Целзиусови.

-Овошјето и зеленчукот кое обично се користи сирово, дополнително да се измие во млака вода, да се исчисти, повторно да се измие и термички да се обработи.

-Малите деца да се хранат со индустриски подготвена храна.

добиток-Животните да се префрлат на безбедна локација и да им се обезбеди храна, вода и засолниште.

-Ако се држат врзани, треба и да се отворат вратите од боксовите и шталите за да можат животните да побегнат.

-Животните да не се хранат со храна која била поплавена.

-Храната треба да се складира и префрли на безбедно и суво место,  по можност да се складира и свежа вода во херметички затворени резервоари, цистерни,    буриња).

-Животните треба да бидат обележани, а ако не се сопственикот може привремено да ги обележи, за да можат да се идентификуваат во случај да се изгубат.

-Фармскиот регистер и податоците за животните да се складираат на безбедно    и суво    место.

-Доколку нема свежа и безбедна вода, на животните може да им се даде да пијат дождовница. На животните не треба да им се дава да пијат од поплавената вода.

-Потребни дневни количини вода за животните: за говеда 30-50 литри, коњи 20-45 литри, свињи 4-12 литри, овци и кози 6 литри, живина 0.5 литри.

-Одгледувачите на животни да бидат во контакт со надлежниот ветеринар за давање совети, инструкции, а по потреба и за давање на ветеринарно медицинска грижа.

-По поплавата, прво треба механички да се исчисти надојдениот отпад, да се изврши дезинфекција и дезинсекција.

-Животните треба да се вратат во фармите кога објектите се безбедни, чисти и суви,  по консултација и дозвола од надлежен ветеринар кој треба да ја провери нивната  здравствената состојба.

-Доколку се најде мртво животно, треба да му се запише бројот на ушната маркица или идентификационата ознака.

-Лешевите од животните треба нештетно да се отстранат по претходна консултација со надлежните лица.

-Животните кои не се во добра здравствена состојба, кои патат и страдаат, во консултација со надлежен ветеринар треба да се убијат на хуман начин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top