Светската цена на нафтата паѓа, од утре нови цени на бензините

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 3,78%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

benzini
бензини

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 3,78%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 17.11.2014 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,50 ден/лит.

пумпаМалопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,153 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 17.11.2014 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 30,866 ден/кг, соопштија регулаторите.

Новите цени, кои ќе важат од ноќеска на полноќ, се формирани на просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период која изнесуваше 76,474 $/барел и е за 5,95 % пониска од просечната цена на сурова нафта (81,314 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 49,4243 ден/$ и е за 0,05% повисок од курсот на доларот (49,3974 ден/$) по кој беа формирани цените.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top