Студнетите протестираат против екстерното тестирање

Голем број студенти денеска напладне се собраа пред платото на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од каде тргнаа на Студентскиот марш со кој бараат властите да се откажат од идејата за воведување екстерното тестирање на универзитетите.

studenti
студенти

studentiИзвикувајќи „Уа!“ за екстерното, студентите се движат по зацртаната рута, преку булеварот „Климент Охридски“ и „Илинденска“, улицата „Теодосиј Гологанов“, каде што се наоѓа седиштето на Студентскиот парламент, за да стигнат до Министерството за образование и наука како крајно одредиште.

Во говорот пред почетокот на маршот, членовите на иницијативата „Студентски пленум“ изразија револт поради уништувањето на високото образование во земјава, ги повикаа студентите да се разбудат и побараа присутните да не подлегнуваат на партиски и други  провокации и да реагираат кога ќе има некакви недоследности.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top