Во завршна фаза е проектот за конзервација на локалитетот Манчевци во Охрид

Според планираните активности, до крајот на годинава ќе бидат целосно завршени конзервацијата и илуминацијата, со што ќе биде промовирана уште една значајна културно-историска позиција во Старото охридско јадро, во непосредна близина на црквата „Св. Софија“.

bazilika
базилика

Според планираните активности, до крајот на годинава ќе бидат целосно завршени конзервацијата и илуминацијата, со што ќе биде промовирана уште една значајна културно-историска позиција во Старото охридско јадро, во непосредна близина на црквата „Св. Софија“.

bazilikaПроектотот се одвива во континуитет, четврта година по ред, со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, а реализацијата на планираните активности ја спроведува Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид. Во периодот од 2011 до 2013  година е извршена заштита од обронување на земјените профили со изведба на потпорни ѕидови и нивно обложување. Истовремено беа консолидирани зачуваните структури од базиликата над кои беа изведени натстрешници од просторни решетки, покриени со транспарентни акрилни плочи.

Со археолошките истражувања во 2007 година беа откриени делови од северниот и централниот кораб на ранохристијанската базилика со зачуван поден мозаик со декоративен аранжман карактеристичен за V и VI век. Како особено значајно се издвојува мозаичното поле со донаторски натпис во кој се спомнуваат Тома и Јован кои го изградиле објектот. Исто така, беа откриени фрагменти од фрескоживопис во долните партии на ѕидовите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top