Од денес задолжително носење на зимска опрема во моторните возила надвор од населено место.
При контролите кои ќе ги спроведува полицијата почнувајќи од денес, ќе проверува дали возилата поседуваат зимска опрема односно дали шарите на гумите се со најмалку четири милиметри длабочина.
За возила до 3500 килограми како зимска опрема се сметаат зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарите од четири милиметри, како и летни гуми со длабочина на шарите од најмалку четири милиметри како и синџири за снег со адекватна големина. За возилата со погон на сите четири тркала под зимска опрема спаѓаат зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата на гумите од 6 милиметри или летни гуми со длабочина на шарите од најмалку 6 милиметри и задолжително поседување на синџири за снег. Доколку возите во населено место, а не поседувате во возилото зимска опрема, глоба не се наплатува, бидејќи законот за безбедност во сообраќајот на патиштата поаѓа од фактот дека во градовите има служби за благовремено чистење на снегот од коловозите. Но, доколку со возилото се движите надвор од населено место и ако тогаш сообраќајната патрола ве запре и контролира, а не поседувате зимска опрема, може да се изрече глоба од 15 евра денарска противвредност. Додека пак со новиот закон за безбедност во патниот сообраќај чија подготовка е во тек, според најавите, се предвидени казни од 45 евра за неносење зимска опрема.
Инаку зимски се пневматиците кои на својата бочна страна имаат ознака: „МЅ“, „М+Ѕ“, „М&Ѕ“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Обврската за задолжително носење на зимска опрема ќе трае до 15ти март.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град