Државата ќе субвенционира нови летови од скопскиот и охридскиот аеродром

Министерството за транспорт и врски наскоро ќе објави јавен повик со кој ќе бара нискобуџетна авиокомпанија која ќе добие државни субвенции за да воспостави авиолинии од скопскиот аеродром „Александар Велики“ кон Шпанија и Норвешка, вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

aerodorom ohrid
аеродром охрид

Министерството за транспорт и врски наскоро ќе објави јавен повик со кој ќе бара нискобуџетна авиокомпанија која ќе добие државни субвенции за да воспостави авиолинии од скопскиот аеродром „Александар Велики“ кон Шпанија и Норвешка, вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

aerodrom skopje„Но, уште позначајно е тоа што ќе бараме да се воспостави директна линија од Охрид кон европска метропола, бидејќи сакаме и од Охрид да има редовни линии. Ќе одиме повторно со субвенции, со колкав износ ќе бидат ќе видиме, но рамката е 5 милиони евра во наредните три години. Условите генерално се многу слични како и претходниот пат. Со тоа би се овозможиле нови линии за македонските граѓани, но исто така и зголемување на бројот на патниците“, додава тој.

Јанакиески денеска се сретна со милионитиот патник на скопскиот аеродром годинава Јана Ивановска. До крајот на годинава се планира низ овој аеродром да поминат околу 1,2 милиони патници.

„Тоа навистина е еден  голем раст на бројот на патниците. Оваа година на аеродромот „Александар Велики“ растот на бројот на патниците ќе биде над 20 проценти и можам да кажам дека ќе биде шампион по раст на патници во регионот и пошироко“, нагласува тој.
Во тек се подготовките и за објава на јавниот повик за национален авиопревозник, а Јанакиески очекува по изборот на консултантска куќа, овој повик да биде објавен во првата половина на следната година.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top