Мала е веројатноста дека причина за смртта на починатиот Британец на Клиниката за инфективни болести во Скопје била болеста ебола.
Мала е веројатноста дека причина за смртта на починатиот Британец на Клиниката за инфективни болести во Скопје била болеста ебола.
Најверојатно се работи за компликации настанати по алкохолно труење, велат за МКД.МК извори од клиниката, кои сепак додаваат дека треба да се почека на официјалните резултати од испитувањата во Германија.
Британската амбасада во Скопје на својата интернет – страница се огласи по случајот со британскиот државјанин за кој постои сомнеж дека почнал од ебола.
„Македонските здравствени власти пријавија дека на 9 октомври, лице со симптоми на ебола починало на скопската клиника. Властите спроведуваат тестови за да ги утврдат причините за смртта. Како и да е, според нашите сознанија, веројатно причината за смртта не е ебола. Македонските власти ставија јасно до знаење дека ги имплементираат препораките на Светската здравствена организација и протоколите за заштита од високо-ризични болести“ – стои во информацијата од Британската амбасада во земјава.
Дополнително, во изјава за британски индипендент, докторот Брајана Мекклоски од центарот за јавно здравје на Англија, вели дека се мали шансите британскиот државјанин да починал од виросот на ебола, но и дека ќе продолжат да работат со своите македонски партнери за утврдување на причините за смртта.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град