Ако во пресметката за цела плата за јануари има грешка за само еден вработен, не ќе може да се исплати плата за целата фирмата, предупредуваат од Управата за јавни приходи (УЈП).
Ако во пресметката за цела плата за јануари има грешка за само еден вработен, не ќе може да се исплати плата за целата фирмата, предупредуваат од Управата за јавни приходи (УЈП).
Како што пишува весникот „Дневник“, УЈП препорачува за да се избегне ризикот од доцнење со платите, работодавците да поднесат тест пресметка за интегрирана наплата на давачките за јануари, при што ќе се утврдат евентуалните грешки.
Управничка на Дирекцијата за големи даночни обврзници Елена Петрова, вели дека има ризик за работодавците што не плаќале придонес за пензиско и инвалидско осигурување да не добијат код за идентификација од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, неопходен за поднесување електронска пресметка на плата.
Според Петрова со новиот систем веќе не постои можност работодавецот да плаќа само придонеси за здравствено осигурување или воопшто да не плаќа придонеси.
Таа уверува дека Управата располага со сите инструменти за да се справи со неплаќачите на давачките за плата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град