Матичните лекари засега го ставаат протестот во мирување по вчерашната средба со министерот за здравство Никола Тодоров, иако не се убедени дека нивните проблеми ќе бидат решени.
Матичните лекари засега го ставаат протестот во мирување по вчерашната средба со министерот за здравство Никола Тодоров, иако не се убедени дека нивните проблеми ќе бидат решени.
Тие на средбата, на маса ги ставиле сите нивни барања, тврдејќи дека околу 1.500 матични лекари повеќе така не можат да издржат.
– Треба да дадеме предлог за здравствените системи во другите земји. Се што сметавме дека е проблем вчера му кажавме на министерот. Мора да се смени нешто. Имаме мали плати, а постојано имаме нови давачки. Нели, треба да ги платиме вработените. А, тука се медицински сестри, книговодители, чистачки, плус сега треба да купуваме нови фискални апарати кои чинат околу 12.000 денари. Зошто судиите да земаат плати од 1.000 евра, а докторите кои се најреспектирани во сите други земји, само кај нас да не се ценат – тврди доктор Лилјана Чолакова – Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари.
Матичните лекари бараат фиксни плати од 40.000 илјади денари за лекар и 20.000 денари за медицинска сестра, зголемување на надоместокот (капитацијата) по пациент, како и воведување на партиципација, и решавање на суштинските проблеми со префрлањето на пациентите кога еден од двајцата лекари ќе ја напушти ординацијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град