Од денешните разговори на матичните лекари со министерот за здравство Никола Тодоров ќе зависи дали тие ќе останат на најавите за неколкучасовен прекин на издавањето на електронски упати и рецепти или во целост ќе го откажат штрајкот.
Лекарите на маса пред Тодоров се очекува да изнесат цел список барања за подобри услови и повисоки плати во примарното здравство.
Тие бараат фиксни плати од 40.000 илјади денари за лекар и 20.000 денари за медицинска сестра, зголемување на надоместокот (капитацијата) по пациент, како и воведување на партиципација, и решавање на суштинските проблеми со префрлањето на пациентите кога еден од двајцата лекари ќе ја напушти ординацијата.
Велат дека исплатата на К-15 што им се стави како законска обврска, а дополнително ја оптоварува финансиската состојба на ординациите. Зголемени трошоци имале и за други инвестиции поврзани со реформите во здравството.
Заради овие причини матичните лекари најпрвин закажаа штрајк за в петок, но по најавата дека Тодоров ќе ги прими на средба решија конечната одлука да ја стават во мирување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град