Македонија ќе и продава млеко во цистерни на Бугарија, од 30 до 50 тони дневно.
Македонија ќе и продава млеко во цистерни на Бугарија, од 30 до 50 тони дневно.
Извозот ќе почне кога македонските производители и бугарските компании ќе ги договорат количините и цените, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски кој на саемот „Зелена недела“ во Берлин разговараше со висока бугарска делегација од ресорното министерство.
„Во Бугарија има недостиг на млеко, а Македонија има доволно. Контактот веќе го направивме. Сега на фармерите останува сами да се договорат за што е можно побрзо да почне извозот“, рече Спасеноски.
На Балканот цената на млекото се движи од 22 до 35 центи.
Министерот Спасеноски, јави известувачот на МИА, претпладнево ќе учествува на втората Меѓународна конференција на министрите за земјоделство на тема „Безбедност на храната на глобално ниво – глобален предизвик за политиката и индустријата“. Попладне, пак, ќе се одржи првиот Берлински самит на министрите за земјоделство на кој исто така ќе стане збор за безбедноста на храната.
Вчера министерот Спасеноски имаше билатерални средби со своите колеги од Србија, Хрватска, Словенија, Унгарија, Чешка и Шведска на кои, меѓу другото, стана збор за интензивирање на македонскиот извоз.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град