Адвокатскиот тим на единствениот осуден за време на конфликтот во 2001 година, Јохан Тарчуловски, денеска ќе поднесе жалба за 12-годишната затворска казна.
Адвокатскиот тим на единствениот осуден за време на конфликтот во 2001 година, Јохан Тарчуловски, денеска ќе поднесе жалба за 12-годишната затворска казна.
Одбраната на Тарчуловски се надева дека ќе успеа сепак да добие ослободителна пресуда, а оптимизмот е дополнително зголемен, откако во тимот се приклучи и познатиот адвокат Ален Дершовиц.
„Пресудата е обжалена по повеќе основи така што основна цел во жалбената постапка ќе ни биде да докажеме и дека трите преостанати жртви во селото Љуботен биле членови на ОНА“, изјави деновиве Антонио Апостолски, адвокат на Тарчуловски.
Тој потврди дека целта на жалбата е целосно да се поништи пресудата и да се добие ослободителна пресуда за Јохан Тарчуловски.
Невиноста на Јохан ќе се брани со нови докази, а се најавуваат и нови сведоци да се појават пред Трибуналот
Одговорот од Трибуналот во Хаг најрано треба да се очекува во јуни годинава, откако ќе завршат сите рокови предвидени со хашкиот статус.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град