Претседателот на Собранието Трајко Велјановски се очекува денеска официјално да ги распише претседателските и локалните избори за 22 март, датум што беше договорен на лидерската средба меѓу власта и опозицијата.
Претседателот на Собранието Трајко Велјановски се очекува денеска официјално да ги распише претседателските и локалните избори за 22 март, датум што беше договорен на лидерската средба меѓу власта и опозицијата.
Спикерот Велјановски тоа во петокот му го соопшти и на претседателот на Државната изборна комисија Александар Новаковски..
Велјановски нагласи дека е обврска на сите институции да сторат си мартовските избори да бидат според европските стандарди.
Најголемите партии од власта и опозицијата на лидерската средба во петокот не постигнаа договор за примена на пилот проектот за електронско гласање, кој според власта, бил сугериран од меѓународната заедница во функција да не се повторат изборните нерегуларности.
Опозицијата оцени дека станува збор за скап процес за кој нема ниту доволно време да биде имплементиран.
На одлуката за распишување на изборите, која Велјановски ќе ја соопшти на прес конференција напладне, претходеше усвојувањето во парламентот на уставните измени со кои се предвидува намалување на изборниот праг во вториот изборен круг од 50 на 40% за претседателските избори.
Опозицијата уште еднаш истакна дека овие измени не гарантираат демократски избори, туку дека се потребни и гаранции од партиите на власт.
Парламентарното мнозинство истакна дека ќе стори си за да не се повторат изборните грешки од 1 јуни минатава година.
Уставните измени за намалување на изборниот праг се резултат на договорот постигнат меѓу четворицата лидери на најголемите партии, но беше и препорака на ОБСЕ за надминување на изборните неправилности.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град