Државната матура започнува утре

Ќе ја полагаат 18.370 кандидати.

matura
матура

Вкупно 18.370 пријавени кандидати во оваа учебна 2013/2014 година се дел од седмата генерација на средношколци кои полагаат државна матура како услов за продолжување на образованието и упис на некоја од високо образовните установи во земјата и надвор од неа.Тие ќе полагаат согласно новиот концепт за државна матура 1+2, кој предвидува полагање на 3 екстерни и 1 интерен предмет.

maturaИнтересен е фактот што во споредба со минатата година, зголемен е бројот на кандидати кои избрале да полагаат математика и на основно и на напредно ниво, што можеби е еден показател и за зголемениот интерес кај матурантите да го продолжат образованието на некој од техничките факултети.

Државната матура започнува утре на 31 мај со полагање на мајчиниот јазик. Потоа на 11 јуни следат полагања за учениците кои избрале англиски, француски, германски или руски јазик. На 13 јуни ќе се полага математика, естетика и филозофија, а на 16 јуни ќе се одржат испитите по хемија, физика, биологија, историја и бизнис.

Учениците кои од оправдани причини нема да полагаат во јунскиот испитен рок или пак нема да ги положат сите испити од државна матура, тоа ќе можат да го направат во август.

Резултатите од екстерните испити ќе бидат објавени за 30 дена, истите се конечни за кандидатите кои немаат приговор. Ако кандидатот смета дека е направена грешка во оценувањето, односно во пресметувањето на бројот на бодовите или во изведувањето на оценката, може да се достави приговор во рок од два дена од нивното објавување.Испитите ќе ги следат над 200 овластени набљудувачи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top