Повискои даноци, помалку смртни случаи како резултат на пушењето

За девет години цигарите во Македонија ќе се продаваат за двојно повеќе. Од 1-ви јули ќе поскапат за 4 денари по кутија, а до 2023 една кутија која сега чини 40 денри ќе се продава за 90 денари.

cigari
цигари

За девет години цигарите во Македонија ќе се продаваат за двојно повеќе. Од 1-ви јули ќе поскапат за 4 денари по кутија, а до 2023 една кутија која сега чини 40 денри ќе се продава за 90 денари.

пушењеСветскиот ден против пушењето оваа година се одбележува под мотото „Зголемете ги даноците,намалете ги смртните случаи“.
По овој повод, во петок (30-ти мај), Министерството за здравство, Светската здравствена организација, Институтот за социјална медицина при Медицински факултет во Скопје организираат стручен состанок за промовирање на Светскиот ден против пушењето година и презентација на главните резултати од студијата за употребата на тутунот и тутунските прозводи кај здравствените работници во нашата земја.

Инаку, Светскиот ден против пушењето се одбележува на 31-ви мај.Целта на овој ден е да се поттикне 24-часовен период на апстиненција од сите форми на употреба на тутун во целиот свет и да го привлече светското внимание кон глобалната употреба на тутун и негативните здравствени ефекти на тутунските производи, кои во 2013 година доведоа до околу 5,4 милиони смртни случаи низ целиот свет.
Светската здравствена организација (СЗО) секоја година одредува тема со цел да се создаде унифицирана глобална порака за Денот за борбата против пушењето. За 2014 година темата е повик до сите земји да ги зголемат даноците за цигарите, а истражувањата покажале дека повисоките даноци се особено ефективни во намалување на употребата на тутун и ги спречува младите да почнуваат да пушат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top