По реакцијата на ЕУ за издавањето на бугарски пасоши на граѓани надвор од Бугарија и најавата за ревизија на овие постапки на државната администрација на Бугарија, Стојко Стојков од ОМО Илинден, македонската партија кај нашиот источен сосед, вели дека процесот не е запрен.
По реакцијата на ЕУ за издавањето на бугарски пасоши на граѓани надвор од Бугарија и најавата за ревизија на овие постапки на државната администрација на Бугарија, Стојко Стојков од ОМО Илинден, македонската партија кај нашиот источен сосед, вели дека процесот не е запрен.
Според неговата проценка, досега Македонците платиле околу 100 милиони евра за бугарски пасоши.
Во изјавата за радиото Канал 77 Стојков вели дека многумина од тие кои извадиле бугарски пасоши давале пари за мито.
„Станува збор за навистина големи суми. Мојата проценка е дека македонските граѓани досега потрошиле околу 100 милиони евра за вадење на бугарски пасош, пари кои се влезени во нечии џебови. Ќе дојде времето кога Бугарија ова ќе го искористи за да ги докаже своите претензии за постоење на бугарски народ во Македонија. Можеби ќе сакаат тоа да стане дел од македонскиот Устав. Но, тоа ќе стане само кога Грција ќе успее во своето барање за промена на името на Република Македонија, за замена со географска одредница за внатрешна и надворешна употреба. Процесот на издавање на бугарски пасоши не е запрен. Бугарија никогаш нема да си дозволи да побара постоење на бугарско малцинство затоа што тоа ќе значи постоење за небугарско малцинство. Бугарија никогаш нема да го дозволи паралелно да стојат Македонци и Бугари. Затоа се чека на грчката победа кога и во преамбулата на македонскиот Устав ќе треба да влезе таа георграфска одредница, па ќе имаме некакви географски Македонци и други народи“, изјави Стојков за Канал 77.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град