Кусиот период од два дена стабилно и топло време завршува заклучно со денешниот ден.
Кусиот период од два дена стабилно и топло време завршува заклучно со денешниот ден.
Веќе утре попладне се очекува поголемо наоблачување кое ќе донесе дожд кој ќе се интензивира во текот на вечерта. Врнежливото време продолжува и во петок, речиси во текот на целиот ден. Станува збор за нормални врнежи, без некој особен интензитет.
Четврток ќе биде посвеж од денешниот ден, но значителен пад на температурата се очекува во петок, кога дневниот максимум на температурата на воздухот во однос на денешниот ден ќе биде понизок за околу 8°С , односно дијапазонот на максималната температура ќе виде од 17°С до 23°С.
Засега изгледите велат дека слаб дожд ќе има локално и во сабота претпладне. Сабота во однос на петок ќе биде само малку потопла.
Тренд прогнозата навестува дека наредната работна недела ќе биде посвежа во однос на оваа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град