Во координација со земјите од регионот, Македонија ќе испрати официјлен протест до Русија и Украина поради запирањето на дотурот на природниот гас за Балканот.
Во координација со земјите од регионот, Македонија ќе испрати официјлен протест до Русија и Украина поради запирањето на дотурот на природниот гас за Балканот.
Ова беше решено на состанокот на Владата и бизнис-заедницата. На средбата што се одржа вчера попладне, договорено е ако има потреба Владата дополнително да увезе мазут за потребите на „Топлификација“, која мазутот го користи како алтернатива на гасот.
Транзитот на рускиот природен гас за земјите на балканскиот регион и Турција беше прекинат вчераутро во 4 и 30 часот. Испораката запре поради спорот на Москва и Киев за цената на енергенсот. Руската државна компанија „Гаспром” во целост ја прекина доставата за Бугарија, Грција, Турција, Романија, Хрватска, а значително е намалена за Унгарија, Австрија, Босна и Херцеговина и Чешка.
Како последица на тоа, почна опаѓање на работниот притисокот во македонскиот дел од гасоводот, а потоа и до целосен прекин на дотурот на природен гас за работа на потрошувачите во Македонија.
Според министерот за економија Фатмир Бесими, прекинот на испораката на гасот нема да има сериозни последици бидејќи овој енергенс малку се користи во државата.
„Имаме официјално известување од „Нафтгас Украина” дека се прекинува преносот на гас за Македонија поради недоразбирањата со „Гаспром Русија“ и тоа може покрај економски да има и политички импликации. Сметаме дека Македонија е мал потрошувач на природен гас, па и импликациите би биле со тие димензии, изјави Бесими.
Во последните неколку години ова е шести руско-украински судир за гасот. Овојпат тој избувна откако „Газпром“ побара поскапување на гасот, што Киев не го прифаќа, сметајќи дека е поголемо отколку што би требало. Москва ја прекина испораката на гас за Украина затоа што тамошната Влада ги нема подмирено сите долгови од минатата година. Владата во Киев, меѓутоа, тврди дека сметката е исплатена пред нова година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град