Претседателот Иванов се сретна со поглаварот на Римокатоличката Црква

Со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во средата во Ватикан, претседателот Ѓорге Иванов и македонска државна и црковна делегација ги почнаа активностите во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил”.

franjo i ivanov
франјо и иванов

Со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во средата во Ватикан, претседателот Ѓорге Иванов и македонска државна и црковна делегација ги почнаа активностите во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил”.

На средбата, Иванов и папата Франциск разговараа за состојбите во христијанството, релациите на Македонија и Ватикан, кои годинава одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи, како и за прашања од историјата, филозофијата и секојдневието, пренесува МИА.

franjo i ivanovСо папата Франциск, посочил Иванов, се разговарало за тоа како да се негуваат во Македонија вредностите кои се и основа на христијанството, односно почитта на другиот, дијалогот меѓу луѓето и желбата за постигнување мир и сплотеност меѓу луѓето во нашата држава, како и секаде во светот, како мисија што ја промовира и Неговата светост.

На средбата македонскиот претседател повторно го поканил Папата да оствари посета на Македонија. Оценето е дека во изминатите 20 години од кога се воспоставени дипломатски односи на Македонија и Ватикан се изградени почит и пријателство кои создаваат основа за нова соработка. Тоа, пред се, нагласи, е за користење на архивите коишто ги има Ватикан со документите кои се однесуваат на нас и на нашата историја и на соработка во областа на историјата, културата, каде што може да се најде заеднички интерес.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top