МВР: Расчистено грозоморното убиство во Ѓорче

Министерството за внатрешни работи целосно го расчисти и документираше  грозоморнoто убиство на 18 годишниот Ангел Петковски од Скопје.

ubistvo
убиство

Министерството за внатрешни работи целосно го расчисти и документираше  грозоморнoто убиство на 18 годишниот Ангел Петковски од Скопје.

nemiriДо надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава против 19 годишно лице од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело убиство.

Според досега документираните сознанија, на кривично-правниот настан претходел обид за кражба на велосипед, што ја извршил пријавениот во дворот на оштетениот нешто по 17,00 часот, но истиот бил забележан од страна на жртвата и неговиот татко. Откако, не успеал во извршувањето на кривичното дело осомничениот се дал во бегство, а сега починатиот Ангел и неговиот татко со патничко моторно возило „Пежо“, тргнале по него. Кога стигнале на ул. „Ѓорче Петров“, поточно на паркинг просторот пред Европска очна болница, го паркирале возилото и се упатиле кон пешачката патека, покрај течението на Вардар. Пред пешачкиот мост, кој  води до с. Сарај го забележале осомничениот, по што започнала вербална расправија, која прераснала во тепачка, при што осомничениот со остар предмет, најверојатно нож, го прободел Ангел во пределот на десниот граден кош. Осомничениот се дал во бегство, а таткото го однел синот кон очната болница со цел да му се пружи помош. Вработените во болницата повикале екипа на итната медицинска помош, но Ангел им подлегнал на повредите, а од страна на лекар е констатирана смртта.

policijaНастанот, првично е телефонски пријавен од очевидец кој ги забележал трите лица. Веднаш по добивањето на пријавата е излезено на лице место и отпочната е потрагата по осомничениот. Истиот во непосредна близина на болницата е пронајден и лишен од слобода.
На местото на настанот излегол Јавен обвинител кој раководел со увидот и по негова наредба телото на починатиот е пренесено на Институт за судска медицина и криминалистика за обдукција. Увидот е извршен од страна на полициски службеници на СВР Скопје, при што од местото на настанот подигнати и дадени за вештачење се траги слични на крв, , а од дворното место на куќата, лоцирана на ул. „Хераклеа“, подигнат е и велосипедот. Од осомничениот се земени брисеви од двете дланки, маица, фармерки и патики.

По извршеното кривично дело во непосредна близина на лице местото како и на повеќе локации низ Општина Ѓорче Петров се собраа поголема група на граѓани кои го искажуваа своето незадоволство. Дел од нив, во текот на вечерта, започнаа со нарушувања на јавниот ред и мир и оштетија повеќе возила и објекти. Со полициска интервенција беа приведени вкупно 18 лица од кои 5 малолетни. По извршени косултации со Јавен Обвинител ним им се издадени платни налози за сторени прекршоци, а СВР Скопје продолжува со превземање на интензивни мерки и активности во насока на идентификување на лица и прибирање на материјални докази со цел откривање на противправни дејствија и докажување на кривично дело по член 385 „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ од КЗ на РМ.

МВР продолжува да ја следи состојбата и да ги презема сите неопходни мерки во рамки на законските овластувања. Апелираме граѓаните да не подлегнуваат на провокации и да не се инволвираат во нарушувања на јавниот ред и мир или други инциденти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top