Се проширува проектот „Домашна визита“

Проширување на проектот „Домашна визита“ како една од мерките со кои им се помага на социјално ранливите категории, најавија в Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и министерот за здравство, Никола Тодоров.

vizita
vizita

Проширување на проектот „Домашна визита“ како една од мерките со кои им се помага на социјално ранливите категории, најавија в Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и министерот за здравство, Никола Тодоров.

ministriЦелта е намалување на социјалниот ризик и обезбедување на социјалната поддршка за граѓаните кои се наоѓаат во потешка состојба.

Со новото проширување на овој проект се предвидува стручните медицински тимови во соработка со Центрите за социјална работа, во домашни услови да им овозможат здравствена нега и пружање на основните здравствени услуги, како и стручна помош на лицата од оваа категорија.

Како што истакнаа двајцата министри, ваквото проширување е дел од посебната обврска кон лицата кои не се во можност да се грижат сами за себе, лицата со инвалидност, лицата кои се во потешка здравствена состојба, болните и изнемоштените, како и граѓаните кои се наоѓаат во социјален ризик.

„Изминатиов период воведовме неколку мерки како надоместокот за потполно слепите лица и телесните инвалиди од 7.000 денари месечно и надоместокот за глувите лица во износ на 4.000 денари, проширување на правото на мобилност за лица со квадриплегија, зголемување на постојаната парична помош за цели 46%, и нејзино понатамошно зголемување за 5 % на годишно ниво”, истакна Спасов.

Toј додаде дека заедничка заложба е институциите да бидат поблиску до граѓаните и секому кому му е потребна грижа и заштита од државата да ја почувствува таа поддршка.

Во првата фаза од проширувањето на овој проект ќе бидат опфатени лица на возраст над 50 години, а потоа сите останати.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top