Сто и педесет македонски војници денеска заминуваат во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.
Сто и педесет македонски војници денеска заминуваат во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.
Во шестата ротација на мисијата во Авганистан АРМ испраќа и тројца штабни офицери, како тројца офицери кои ќе извршуваат задачи во рамките на тимот за обука и врски за потребите на Авганистанската национална армија (OMLT).
„Шкорпионите“ задачите ќе ги извршуваат во рамките на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство, каде што ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.
Мировниците на АРМ во Кабул ќе извршуваат сложени задачи како што се: целосно обезбедување на командата на ИСАФ, патролирање и обезбедување на воената база и објекти од витално значење за животот на населението во Авганистан, борбено обезбедување на комуникации и области и други задачи во зависност од потребите на мисијата.
На свеченоста по повод испраќањето на четата во касарната ,,Јане Сандански“ во Штип се очекува да присуствуваат: министерот за одбрана, Зоран Коњановски и Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град