Засега изготвена е нацрт-верзија која ја презентираше министерот за здравство, Никола Тодоров, со можност истата да се дополнува и надградува.
Засега изготвена е нацрт-верзија која ја презентираше министерот за здравство, Никола Тодоров, со можност истата да се дополнува и надградува.
Целта на овој водич е подобрување на здравјето на нацијата, со оглед на зголемените здравствени ризици со кои се соочува македонското население.
Причина за ова, според министерот, е несоодветната исхрана и недоволната физичка активност кај луѓето, а ова се потврдува и со бројките кои говорат дека над 60,5 проценти од мажите и 47,8 % од жените во Македонија над 20 години имаат зголемена телесна тежина.
Загрижува и фактот дека една третина од децата на 6,7 годишна возраст се со зголемена телесна тежина, а 13% се сметаат за дебели.
Доктор Игор Спировски од Институтот за јавно здравје истакна дека во водичот покрај тоа што има препораки за поздраво живеење во насока на исхраната, има препораки и за поздраво живеење во општеството и сите влијанија на опкружувањето.
Тодоров посочи дека во наредните 7до 10 дена ќе има јавен увид, по што водичот ќе биде испечатен во голем број примероци, ќе им биде достапен на сите здравствени работници, но и на што е можно поголем број граѓани.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град