Грчкиот патнички воз „Хелас” од сабота повторно ќе ја воспостави железничката врска меѓу Солун, Скопје и Белград. Токму пругата Скопје-Солун била првата јавна железница во Македонија.
Грчкиот патнички воз „Хелас” од сабота повторно ќе ја воспостави железничката врска меѓу Солун, Скопје и Белград. Токму пругата Скопје-Солун била првата јавна железница во Македонија.
Цената во еден правец е 12,2 евра, а повратниот билет ќе чини 19,50 евра. Од 10 мај до 10 јуни за сите патници следува попуст од 30 % на овие цени.
Возот од Скопје за Солун ќе поаѓа во 5,15 часот наутро, а во Солун ќе пристигнува во 11,16 часот локално време. Истовремено грчките железници отвораат и железничка линија Солун-Софија-Солун. Од Солун возот ќе тргнува во 15,52 часот, а во Скопје ќе пристигнува во 19,50 часот. Возот од Солун за Скопје ќе продолжува кон Белград и во српската метропола би бил во раните утрински часови, а оттаму според возниот ред ќе тргнува во 18 часот и 45 минути.
Во летниот период ќе сообраќаат и вагони за превоз на автомобили помеѓу Белград и Солун, а постои интерес и за повторно воведување на директни вагони помеѓу Солун и главните градови на Чешка, Словачка и Русија.
Првата јавна железница во Македонија сообраќаше токму на линијата Скопје – Солун од 9 август 1873 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град