Кој сака, а кој не решение на спорот за името?

Грчкиот преговарач во спорот за името, Адамантиос Василакис по средбите со посредникот Метју Нимиц и македонскиот колега Зоран Јолевски, за грчките медиуми изјавил дека „Грција сака решение, но другата страна не направи ништо досега и останува на позицијата од 1995 година”.

nimic jolevski vasilakis
нимиц јолевски и василакис

nimic i jolevskiГрчкиот преговарач во спорот за името, Адамантиос Василакис по средбите со посредникот Метју Нимиц и македонскиот колега Зоран Јолевски, за грчките медиуми изјавил дека „Грција сака решение, но другата страна не направи ништо досега и останува на позицијата од 1995 година”.

Василакис во изјава за грчката агенција ANA-MPA додал дека нема разлики во позициите на Македонија. Посредникот Метју Нимиц по заедничката средба во вторникот во Њујорк ги повика двете страни „сериозно да размислат дали постојат нови начини за решавање на спорот”.

Нимиц исто така најави интензивирање на процесот за време на летото, а неговата посета на регионот ќе дојде кон почетокот на јули.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top