Субвенционирано вработување за деца без родители

Невработените и работодавачите од приватниот сектор од денеска може да аплицираат на огласите за мерките субвенционирано вработување и субвенционирање за вработување деца без родители.

Диме Спасов
Dime Spasov

Невработените и работодавачите од приватниот сектор од денеска може да аплицираат на огласите за мерките субвенционирано вработување и субвенционирање за вработување деца без родители.

Огласите се објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување avrm.gov.mk и во дневниот печат.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на прес-конференција информира дека мерката за субвенционирање вработување е наменета за евидентирани невработени активни баратели на работа, а приоритет ќе имаат долгорочно невработени, (пет години и повеќе), возрасни од 50 до 59 години, ранливи групи граѓани и млади до 29 години. Вработувањето на лицата од тие категории државата ќе го субвенционира со по 13.000 денари месечно за период од 6 месеци. Има обврска да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци или на нивно место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на АВРМ.

Диме СпасовСо објавените огласи се опфатени и лицата  кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот, како жртви на семејно насилство, деца без родители и родителска грижа, бездомни лица, поранешни корисници на  дрога, родители на децата на улица, Роми, самохрани родители, жртви на трговија со луѓе, осудени лице по отпуштање од казнено-поправна установа. – За овие лица ќе се обезбеди субвенција, односно финансиска поддршка за вработување во износ од 17.000 денари месечно, од кои 3.000 денари надомест за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес и 14.000 денари за плата, рече министерот Спасов.

Работодавачите можат да конкурираат за субвенциите доколку не го намалиле вкупниот број вработени лица 6 (шест) месеци пред објавување на јавниот оглас, освен во случај кога намалувањето на бројот бил поради поминување на определено време, пензионирање и случај на смрт. Со субвенционирање не може да вработат лица што ги отпуштиле пред објавување. Не треба да имаат ниту долгови за даноци и придонеси. Годишниот буџет за реализација на оваа мерка изнесува 47.520.000 денари.

Според директорот на АВРМ Влатко Поповски, мерката за субвенционирање вработување на  деца без родители е општествено одговорна мерка. Работодавачите, појасни, ќе имаат соодветни субвенции во тек на две години. Во првата година ќе искористат субвенција во висина на минимална плата и 100 проценти од придонесите за платата, а во втората година 100 проценти од минималната плата и 50 проценти од придонесите за таа плата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top