Мозаикот во базиликата во Хераклеа почна да се реставрира

И покрај ниските температури битолскиот музеј интензивно работи на заштита на мозаик од 5-тиот век во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис.

mozaik
мозаик

И покрај ниските температури битолскиот музеј интензивно работи на заштита на мозаик од 5-тиот век во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис.  

Ваквите зафати се преземаат со цел еден од најубавите мозаици во земјата повторно да блесне во полн сјај бидејќи до сега е оштетен околу 90 проценти.
„Можам слободно да ги наречам јунаци на денешното време бидејќи во вакви временски услови ги преземаа сите активности за да може овој мозаик да се сочува, да остане и понатаму со сиот свој раскош на очиглед на туристите и посетителите. До крајот на оваа година ќе го завршиме најголемиот дел од интервенцијата на овој мозаик“. -вели Зоран Николовски, директор на Завод, Музеј – Битола

Конзерваторите предупредуваат дека ако сега не се преземе нешто мозаикот е пред умирање.
„Дојде време колку толку да се спаси. Мозаикот е пред умирање. Подлогата сé уште не знаеме дали е старата или новата“. – вели Драган Верговски, конзерватор.

mozaikГолемите оштетувања се последица на тоа што досега се делувало ретко за негова заштита.

„На пролет уште тие 20 до 30 работни дена мора да обрнеме внимание на одвојувањето на слоевите малтер, тие продлабочени места“. – рече Тони Николовски.

Овој мозаик е под на некогашна базилика кој за прв пат е откриен за јавноста во 60-тите години.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top