Граѓаните во недела ќе одлучуваат на кого ќе му дадат мандат да раководи со државата во следните неколку години на петтите по ред претседателски и третите предвремени парламентарни избори.
Граѓаните во недела ќе одлучуваат на кого ќе му дадат мандат да раководи со државата во следните неколку години на петтите по ред претседателски и третите предвремени парламентарни избори.
Коалициите и политичките партии во петок точно до полноќ треба да ги одржат своите завршни митинзи по што во сабота започнува изборниот молк во пресрет на најавените двојни избори кои треба да се одржат на 27 – ми април, а со тоа да заврши и кампањата за избор на претседател и нов пратенички состав.
Народните избраници добиваат мандат во Собранието на Република Македонија според пропорционалниот модел, додека пратениците од дијаспората се избираат според мнозински модел.
Територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици и во секоја се избираат по 20 пратеници, а три пратенички места добива дијаспората од трите изборни единици Европа – Африка, Северна и Јужна Америка и Азија и Австралија, со што бројот на пратеници во Собранието изнесува 123 народни избраници.
Според податоците од Државната изборна комисија изборите ќе се одржуваат во 3.480 избирачки места во земјата каде право на глас на претседателските избори имаат 1.779.572 избирачи, а во избирачкиот список за парламентарните избори своето право ќе го искористат 1.780. 128 избирачи.
Утре гласа дијаспората, затворениците, лицата во домашен притвор, внатрешно раселените лица и болните и немоќните лица.
За првпат годинава на претседателски избори гласаат и македонските државјани од дијаспората кои своето право на глас имаат можност да го остварат во отворените пунктови во дипломатско – конзуларните преставништва.
За предвремените парламентарни избори поднесени се 14 листи со кандидати за 123 пратенички места за кои ќе се борат пет коалиции и девет политички партии.
Во недела граѓаните на петтите по ред претседателски избори ќе одлучуваат кој ќе биде претседател на државата помеѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.Во вториот круг од претседателските избори за претседател ќе биде избран кандидатот кој ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело.
За следење на претседателски и предвремените парламентарни избори акредитирани се повеќе од 9.000 домашни и над 400 странски набљудувачи.
Гласачките места како што најавија од Државната изборна единица во недела ќе бидат отворени од седум часот и ќе се гласа 12 часа односно до 19 часот.ДИК првите резултати од изборниот процес ќе ги објави во рок од 12 часа по завршување на гласањето, а конечниот резултат ќе го соопшти по 24 часа.Првите повеќепартиски избори во Македонија се одржаа во ноември 1990 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град