Денот на трудот 1 Мај (четврток), согласно Законот за празниците, е неработен за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Денот на трудот 1 Мај (четврток), согласно Законот за празниците, е неработен за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Меѓународниот ден на трудот е меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.
Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град