Се зголемува бројот на блокирани сметки

Вкупно 184.136 жиро сметки се блокирани во март годинава.

bankomat
банкомат

Вкупно 184.136 жиро сметки се блокирани во март годинава. Од нив 120.569 сметки се на физички лица, а останатите 63.567 се блокирани сметки на фирми, покажуваат податоците на Народната банка (НБРМ).

dzeboviСпоредено со истиот периот лани бројот на блокирани сметки во земјава расте и кај фирмите и кај граѓаните. Во март лани вкупно биле блокирани 150.651 жиро сметки, од кои 60.121 на физички лица, а останатите 90.530 на фирми.Податоците на НБРМ покажуваат дека минатиот месец вкупниот број на блокирани депоненти односно граѓани и фирми изнесувал 85.425. Од нив 40.948 се правни лица, додека 44.477 се физички лица. Во споредба со март лани бројката е зголемена за 14.285 сметки.

Блокирањето на жиро сметките се по основ на извршни решенија за неплатени обврски кон банки или пак долгови меѓу самите фирми, но и долгови кон државата.Во Македонија, покрај извршителите, право да блокираат сметки во банки имаат Управата за јавни приходи и истражен судија.

Чести се случаите на пример сметката да биде блокирана поради неплатена радиодифузна такса од УЈП, иако друг постар член од семејството веќе го презел тој товар врз буџетот. Иако ситуацијата е полесно решлива од претходната и со поднесување платени сметки за радиодифузна такса во УЈП состојбата ќе се реши. Само што корисникот на сметката ќе мора сам да плати за одблокирање на сметката.

Е сега останува прашањето дали треба да се промени постапката на информирање на граѓаните за долгот пред таа да биде испратена на извршување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top