Во неколку манастири во Македонија има делови од светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Меѓу нив се манастирите Св. Јован Бигорски, Св. Ѓорги во Рајчица, и св. Богородица Пречиста во Кичево.
Во неколку манастири во Македонија има делови од светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Меѓу нив се манастирите Св. Јован Бигорски, Св. Ѓорги во Рајчица, и св. Богородица Пречиста во Кичево.
Според преданието за светиот крст е запишано дека пронаоѓањето и разделувањето на чесниот крст се случило во времето на „Св. Константин и Елена“. Имено, кралицата отишла на местото на распетието да го пронајде крстот, но никој не кажувал каде бил закопан. Таа сепак успеала да ја дознае приказната од еден старец.
Откако ги пронашле трите крста, едниот на Исус, а другите два од разбојниците кои биле распнати заедно со него, тие ги поставиле на патот по кој требало да помине една погребна поворка. При пренесување на мртвиот, кога го донеле пред исусовот крст тој оживеал и тоа било доказ кој од трите крста му припаѓал на Исус Христос.
Кралицата Елена го однела крстот во својата престолнина од каде патријархот Кирил Ерусалимски разделил стотици парчиња како световни реликти кои треба да го чуваат и закрепуваат темелот на Христијанските цркви и вера.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град