Внимавајте, „спам“ пораките може дебело да ве чинат!

Т-Мобиле ги извести своите корисници да не враќаат на повиците и смс пораките од броеви што почнуваат со префиксите +88, +22, +21 и +29. Според најголемиот мобилен оператор, се работи за измама односно т.н. спам, па доколку се повика бројот може да се очекува значително повисока сметка.

spam sms
спам смс

Т-Мобиле ги извести своите корисници да не враќаат на повиците и смс пораките од броеви што почнуваат со префиксите +88, +22, +21 и +29. Според најголемиот мобилен оператор, се работи за измама односно т.н. спам, па доколку се повика бројот може да се очекува значително повисока сметка.

spam sms„Затоа, се советуваат корисниците да не бираат повратно на овие броеви, зашто ќе имаат несакани трошоци. Воедно ги известуваме корисниците дека спам пораката која викендов циркулираше од броеви што почнуваат на +29, со содржина „Побарај ме итно“ и „Ме викаат итно“ откако е пријавена е блокирана. Иако откако корисникот ќе пријави, Т-Мобиле веднаш ги блокира спам СМС броевите, сепак најдобро е корисниците да не бираат повратно.“- велат меѓу другото од Т-мобајл

Со проблемот се запознаени и во другите два мобилни оператори. Од „Оне“ велат дека нивниот систем автоматски ги блокира овие дестинации, а и доколку таква порака стигне нивните корисници не можат да остварат повратен повик. Од „Вип“ потврдуваат дека имале неколку пријави од корисници, но тие нотификации пристигнувале преку други медиуми бидејќи имале заштита од масовни смс пораки од ист број. Сепак, и од двата мобилни оператори велат граѓаните да не вртат на овие броеви, доколку им се појават во сандачето со пораки.

Според податоците на интернет за меѓународните телефонски префикси, овие повици и смс пораки би можеле да доѓаат од повеќе земји. Имено, бидејќи вообичаено државите имаат три броја во меѓународниот код, може само генерално да се заклучи дека повикувчките броеви се претежно од западно- афрички земји, атлантски и карипски острови или сателитски броеви.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top