Денес, 7 април 2014 година, во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Пепелиште“ започна теренската вежба „Македонски Блесок-10“.
Денес, 7 април 2014 година, во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Пепелиште“ започна теренската вежба „Македонски Блесок-10“.
На чинот на свеченото отварање присуствуваа Заменикот на командантот на Здружената Оперативна Команда бригаден генерал Мухамет Рацај и командантот на 1.механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски. На отварањето обраќајќи се пред учесниците на вежбата бригадниот генерал Мухамет Рацај истакна дека претстојната вежба претставува одлична можност за изведување на колективна обука на единиците како форма за усвојување на НАТО стандардите, но и за усовршување на штабните процеси во операциите предводени од НАТО, што ќе придонесе во јакнењето на нивната борбена готовност. Воедно, тој нагласи дека високите оценки кои ги добиваме во континуитет од НАТО при извршувањето на мировните мисии и успешно изведените вежби за оценување на декларираните единици, се најголемата гаранција за успешна реализација и на оваа, од многу аспекти комплексна вежба.
По завршување на свеченоста беше извршена обиколка на раководството на вежбата и повисоката команда на вежбата кои во изминатото деноноќие беа ставени во функција.
На вежбата и претходеа неколкумесечни индивидуални и колективни подготовки, со цел да се изврши обука и извежбување во разни ситуации, согласно листата на задачи на НАТО при изведување на операциите за подршка на мирот.
Вежбата ,,Македонски Блесок-10“ е жива вежба со единици на терен базирана на сценарио за операции за поддршка на мирот предводени од НАТО/ЕУ, а под мандат на ОOН, со која треба да се демонстрира борбената готовност на декларираните единици за употреба во НАТО – предводените операции.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град