МВР отвара широк фронт против дрогата

Министерството за внатрешни работи, денеска отпочна со реализација на Оперативната обработка „Мрежа“ за сузбивање на недозволената трговија со наркотици.

mreza
мрежа

наркотициМинистерството за внатрешни работи, денеска отпочна со реализација на Оперативната обработка „Мрежа“ за сузбивање на недозволената трговија со наркотици.

Со отпочнувањето на оваа акција, отвараме широк фронт против дрогата која се растура на улиците низ целата држава и очекуваме широка поддршка од граѓаните. Веќе профилиравме поединци и групи кои на ситно препродаваат различни видови дрога, доведувајќи ги во опасност животите на илјадници млади лица во Скопје и во останатите градови.

За старт на оваа акција, која ќе продолжи и во наредниот период, обезбедени се материјални докази против криминална група која се занимава со недозволена трговија со наркотична дрога, Амфетамини и Марихуана.

narkoticiИмено, неодамна беа лишени од слобода две лица на возраст од 30 и 35 години. Кај едниот од нив беа пронајдени 2 пакувања наркотична дрога марихуана, додека кај вториот беа пронајдени и одземени 50 грама наркотична дрога марихуана. За двете лица беше утврдено дека марихуаната ја имаат набавено од 32 годишно лице, дилер од Скопје-организатор на криминалната група.

Вчера, од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога извршен е претрес во домот на организаторот на Криминалната група лицето кој не беше пронајден во неговиот дом. При вршењето на претресот пронајден е прибор за пакување и мерење на наркотична дрога, 2 Лап-Топ компјутери и неговите лични телефони. Исто така при вршење на претресот откриени се и два бункери за складирање на наркотичната дрога и тоа едниот во шанкот на дневната соба, а вториот во подот под брачниот кревет во спалната соба, како и многу други украсни предмети пронајдени во неговиот дом во кои има изработено специјален простор за складирање и чување на наркотична дрога. Предметите се одземени со потврда за привремено одземени предмети.

Денеска беа извршени претреси во домот на 3 лица за кои Секторот за недозволена трговија со дрога поседуваше информации дека соработувале со организаторот, при што кај едно 26 годишно лице пронајдени се 5 гр. наркотична дрога марихуана, две цигари со марихуана и 300 семки.

Од страна на СНТД по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” казниво по член 215 од КЗ на РМ против организаторот од Скопје, како и против трите други лица од кои две се од Струмица, а едно од Скопје, сите членови на криминалната група.

Одделот за недозволена трговија со наркотици и понатаму ќе продолжи да презема дополнителни мерки и активности а ние како служба во целост им стоиме на граѓаните и ги повикуваме да ги пријавуваат сите сомнителни лица во нивните средини.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top