Субвенции за добиток кој не постои

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР на РМ спроведе координирана акција под оперативно име “Тера“ со цел лишување од слобода на вкупно седум лица кои во период од 2008 до 2010 година во повеќе наврати злоупотребиле субвенции за сточен добиток предвиден во програмите за финансиска поддршка во земјоделието, при што до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава.

privedeni
приведени

akcija teraА.Ш.(71) од с. Блаце-Скопјеи Б.Ш.(38) с. Блаце-Скопје поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично  дело „Измама при добивање на кредит или друга погодност“, Д.А.(45) од Скопје, одговорно лице од Ветеринарната болница ДОО Скопје, Н.Б.(49) од Скопје, државен инспектор за земјоделство во ДИЗ – МЗШВ, Б.Р.(51) од Липково, Куманово вработен во Подрачна единица – Чаир при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „Фалсификување на службена исправа“ и „Злоупотреба на службената положба и овластување“, Т.К.(45) од Скопје-раководител во секторот за здраствена заштита и благосостојба на животните при Агенцијата за храна и ветеринарство, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“ и З.Д.(37) од Скопје, управител – одговорно лице во Вет Медика ЗиА – општина Јагуновце, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „Фалсификување на службена исправа“.

На овој начин пријавените службени лица, на сопствениците на стадото за период од 2008 до 2010 година им овозможиле да прибават противправна имотна корист во износ од 3.357.226 денари на штета на Буџетот на Р.Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

Во текот на денешниот ден сите пријавени лица, освен Б.Ш.(за кој постојат сознанија дека е надвор од Р.Македонија) ќе бидат изведени пред Јавен обвинител од ОЈО Скопје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top