Македонија и Охрид во мартовското издание на американскиот „Forbes“

Во мартовското издание во специјална едиција посветена на нашата земја американскиот магазин „Форбс“ пишува за македонската традиција, култура и историски вредности, а земјата ја споредува со познатиот бисер од Охрид, објавува порталот „Економски Лидер“.

logo
Лого

Во мартовското издание во специјална едиција посветена на нашата земја американскиот магазин „Форбс“ пишува за македонската традиција, култура и историски вредности, а земјата ја споредува со познатиот бисер од Охрид, објавува порталот „Економски Лидер“.

forbes„Според најновиот извештај на Светската банка за најновите глобалните економски перпективи објавен во јануари 2014 година македонската економија ќе порасне за 3 % оваа година и ќе ги надмине соседните земји Албанија, Бугарија , Грција и Србија. Во исто време Банката на својот извештај Дуинг Бизнис за 2013 ја рангираше државата на високо 25 – то место во светот за правење бизнис, а особено високо оценки имаше за зголемениот прилив на странски инвестиции, како и лесниот пристап до кредити“, пишува “Форбс” во мартовското издание на специјалната едиција на текстови посветени на Македонија.

„Ние сме најотворената економија во регионот, вели во изјава за „Форбс“, министерот за надворешни работи работи Никола Попоски. Пренесувајќи кус разговор со министерот, магазинот пишува дека според индексот на економска слобода, објавен од Херитиџ Фондацијата во 2014 година, како и „Волстрит журнал“, Македонија е рангирана на првата позиција во регионот на Југоисточна Европа и на 43 место во светот, а економската слобода е добар индикатор за потенцијален раст.

Во статијата на мартовско издание на „Форбес“ вака е опишан нашиот град „Историскиот град Охрид, на пример, кој се наоѓа на на брегот на Охридското Езеро и е опкружен со планини, е исто така убав како најпознатите алпски пејзажи. Градот и езерото се едни од 28 – те во светот на листата на УНЕСКО за заштита на културното наследство. Занаетчиите од овој град се познати по исклучитечниот Охридски бисер, кој тие го произведуваат речиси еден век . Ова чудо од школки е рачно изработено со ултра тенок слој на емулзија од клушките на локалната риба Пласица. Две фамилии Талеви и Филеви го произведуваат единствениот и вистинскиот Охридски бисер , креирајќи гердани, обетки скапоцени камења носено од страна на членови на кралски семејства и звезди.“

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top