Во Охрид се садат бадемови дрвца

Во рамки на проектот за уредување на нови 40 зелени катчиња кои секојдневно никнуваат и го красат нашиот град, Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ и приватната компанија „Левидиа“, кај „Горна порта“, организираа акција за засадување на бадемови дрвца.

sadenje bademi
садење бадеми

sadenje bademiВо рамки на проектот за уредување на нови 40 зелени катчиња кои секојдневно никнуваат и го красат нашиот град, Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ и приватната компанија „Левидиа“, кај „Горна порта“, организираа акција за засадување на бадемови дрвца.

Акцијата е подржана од Локалната самоуправа,а првите дрвца ги засадија градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Димитар Спасески, пратеникот Александар Николоски, директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ Елена Скрческа и претсавничката на компанијата „Левидиа“ Јасмина Луканова.

Досега се засадени 30, а во наредните денови ќе се засадат 150 бадемови дрвца во месноста „Лабино“, „Канео“ и на други локации низ стариот дел на градот. Инаку дрвцата бадеми се донација од турската компанија „Левида“, а засадувањето на дрвцата ќе трае во текот на целата 2014 година. Ваквата акција ќе продолжи и наредната година, со засадување цреши. Акцијата е дел од големиот проек за разубавување и зачувување на автентичноста на стариот дел од градот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top