Според податоците на Стопанската комора на Македонија, во државата годишно се увезуваат 11.000 тони кондиторски производи, а од домашното производство вкупно 11.000 тони се наменети за домашниот пазар. Тоа покажува дека Македонците годишно јадат многу слатки задоволства.

Како што пишува „Вечер“ македонците годишно јадат 22.000 тони чоколади, слатки, вафли, бонбони.
Според податоците на весникот, кондиторските компании од година во година се повеќе го зголемуваат извозот на странските пазари, а на домашниот пазар полека, но сигурно ја истиснуваат конкуренцијата од странство. Во 2013 година од земјата извезени се кондиторски производи во вкупна вредност од 34,1 милиони долари, што е за 19% повеќе споредено со 2012 година, кога извозот на кондиторски производи изнесуваше 28,7 милиони долари. Во исто време увозот минатата година изнесува 10,7 милиони долари и е намалување од 14% споредено со 212 година. Ова покажува дека освен зголемен извоз, домашните кондитори истовремено ги истиснаа странските производители и на домашниот пазар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град