Објавени списоци на пензионерите кои ќе одат на бањско-климатска рекреација

Министерството за труд и за социјална политика го објави списокот на лица, корисници на пензија, кои ќе ја користат услугата на бањско-климатска рекреација за 2014 година.

penzionerki
пензионерки

Министерството за труд и за социјална политика го објави списокот на лица, корисници на пензија, кои ќе ја користат услугата на бањско-климатска рекреација за 2014 година.

banjaСписоците со податоци за корисници на пензија се објавени и на веб-страницата на  Фондот за пензиско и за инвалидско осигурување на Македонија, а корисниците коишто ќе ја користат услугата ќе добијат и известување за терминот и бањата каде што може да ја користат услугата.

Барањата за користење на услугата се поднесувааа во филијалите на Фондот за пензиско и за инвалидско осигурување на Македонија, а изборот на корисниците на пензија коишто ќе користат услуга на бањско-климатска рекреација за 2014 година го изврши Комисијата за разгледување и рангирање на корисници на пензија за бањско- климатска рекреација, составена од претставници од повеќе институции.
При рангирањето на корисниците на пензија се имаше предвид фактот дали пензионерот ја користел услугата во 2010, 2011, 2012 или во 2013 година, односно тие што претходно ја користеле услугата нема да можат да ја користат и во 2014 година. На тој начин се отвора можност на други корисници да бидат соодветно рангирани  и да ги користат услугите од овој проект.

Услугата на бањско климатска рекреација може да се користи еднаш во период од втората половина на март до  ноември 2014 година, во траење од седум дена. За услугата бањско климатска рекреација  заклучно со 12.2.2014 година,  беа поднесени 18.165 барања.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top