Во пресрет одбележувањето на педесетгодишнината од смртта на Милтон Манаки, организаторите сметаат дека филмските материјали иако се целосно сочувани, дигитализирани и ставени под заштита во депото на Кинотека на Македонија, сепак постои можност да се пронајдат и други, засега непознати остварувања на првите сниматели на Балканот, браќата Јанаки и Милтон Манаки.

Ова беше речено на денешниот прес, а очекувањата се дека тави откритија можат да бидат понудени на Светскиот конгрес на кинотеките, што ќе се одржи во мај месец во Скопје.
„Има работи што се уште не се доистражени, иако филмскиот материјал го имаме во целост. Сепак, голем број на истражувачи работат на тоа, одредени работи да ги искристализираат. Можеби, ќе се најдат и други материјали од Манаки, кои останале на другите простори во Европа“- рече Стефан Хаџиантоновски, претседател на Кино клубот „Браќа Манаки“ од Битола.
Комуната на Власите од Битола, Центарот за култура, Кинотека на Македонија, Кино- клубот „Браќа Манаки“ од Битола, Фестивалот „Браќа Манаки“ и Светскиот центар за фотографија од Скопје, задутре на денот од смртта на Милтон Манаки, ќе понудат фото- изложба од творештвото на браќата Манаки, проекција на дигитализираните филмови од нивното филмско творештво, а ќе биде изложена и прочуената „Камера 300“ со која првите сниматели на Балканот од 1905 година, започнале да ги пиштуваат првите страници на македонската кинематографија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град