Рокот за легализација на дивоградби се пролонгира до 2015-та година

Со измените во Законот за легализација на бесправни градби рокот за поднесување на документите повторно се пролонгира, овој пат до декември 2015 година.

divogradbi
дивоградби

Со измените во Законот за легализација на бесправни градби рокот за поднесување на документите повторно се пролонгира, овој пат до декември 2015 година.

divogradbiОбразложението на Министерството за транспорт и врски за ваквите измени е да им се излезе вo пресрет на граѓаните. До пред повеќе од една година Министерството тврдеше дека нема да дозволи пролонгирање на роковите и дека граѓаните кои нема да ги легализирааат дивоградбите ќе бидат казнети.

„Измените се прават имајќи предвид дека добар број граѓани кои имаат поднесено барање за легализирање дивоградби не можеле да поднесат геодетски елаборати согласно Законот до јуни оваа година. Предвидено е до јуни да бидат поднесени околу 400 илјади барања за легализирање, а досега се поднесени околу 100 илјади геодетски елаборати“, рече заменик-министерот за транспорт и врски Џелал Бајрами.

zgradaСпоред последните владини податоци, до почетокот на годинава во општините се отворени 350 илјади предмети за легализација на дивоградби. Според Агенцијата за катастар на недвижности, до крајот на јануари процесот за легализација е целосно завршен за околу 90 илјади дивоградби.

Во однос на измените во законот за легализација на терасите, граѓаните имаат дополнителен рок до 30 јуни 2015 година за поднесување барање за утврдување правен статус на овие површини од објектите, со тоа што тие треба да бидат изградени во периодот до 3 март 2011 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top