Десет години од смртта на Претседателот Борис Трајковски

Денес се навршуваат десет години од смртта на Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, кој животот го загуби во авионска несреќа близу Ротимње, БиХ, патувајќи на средба во Мостар во 2004 година.

Boris Trajkovski
Борис Трајковски

Денес се навршуваат десет години од смртта на Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, кој животот го загуби во авионска несреќа близу Ротимње, БиХ, патувајќи на средба во Мостар во 2004 година.

Boris TrajkovskiСвојот претседателски мандат го започна на 15 декември 1999 година по завршувањето на мандатот на првиот претседател на РМ,  Киро Глигоров.

По тој повод, свое обраќање во Ротимње ќе имаат Претседателот на РМ, Ѓорѓи Иванов како и претседавачот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ.

На градските гробишта во Скопје поточно во Алејата на великаните, свежо цвеќе по повод комеморацијата ќе положи собраниска делегација.
Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски. Неговата смрт и падот на Кингерот со кој претседателот замина во Мостар и до ден денешен предизвикува контроверзии во јавноста.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top